Италијанците се презаситени: Популарната долина ги затвора вратите за туриститe
Вал ди Фунес во Јужен Тирол одлучи да го ограничи пристапот за туристите кои доаѓаат да фотографираат за социјалните мрежи.
Некогаш мирната планинарска дестинација е преплавена со туристи во последниве години, што доведува до сообраќаен метеж и незадоволство кај локалните жители. Затоа општинската власт одлучи да воведе нови мерки што ќе стапат на сила во мај, пишува „Еуроњуз“.
Главната цел на фотографите се две живописни цркви – Санта Мадалена и Сан Џовани ди Рануи. Сопственикот на ливадата што ја опкружува втората поставил наплатна рампа во 2022 година за да го ограничи бројот на туристи што ја преминуваат неговата земја. Сега и општината Фунес интервенираше поради растечкото незадоволство на жителите, кои се жалат на гужви, затнати паркинзи и често влегување во приватни имоти без дозвола.
Општинскиот совет објави дека од мај до ноември, пристапот до црквата Санта Мадалена, која се наоѓа на тесен пат, ќе биде ограничен. Рампата ќе им овозможува премин само на локалните жители и гостите на хотелот. Туристите ќе мора да го користат официјалниот паркинг, а кога ќе се наполни, возилата ќе бидат пренасочени кон други паркинзи подалеку во долината.Пернталер објасни дека нема да има систем за резервации, но дека цената на паркирањето ќе се зголеми. Сегашната цена од 4 евра за целиот ден, вели тој, е премногу ниска за да ги обесхрабри туристите кои доаѓаат само за брза фотографија. Додаде дека е во преговори со блиската општина Киуса за воведување автобуски превоз.
