Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанците нема каде да ги погребаат починатите, протестираа вработените во погребалните друштва

Италијанците нема каде да ги погребаат починатите, протестираа вработените во погребалните друштва

Работниците во погребалните друштва од Рим денеска протестирале поради големото доцнење на погребите на градските гробишта и им порачале на властите дека не се способни да се изборат за големиот број на смртни случаи кои се последица од коронавирусот. 

Компанијата „АМА", која се занимава со погребување и кремирање, признава дека се соочила со ситуација без преседан и дека работи на правење на 60.000 нови гробни парцели за градот.

Градот има 4.763 починати повеќе меѓу октомври 2020-та и март 2021-ва отколку во истите месеци во 2019/2020 година, со тренд на пораст кој продолжува и во април.

Италија досега пријавила 116.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот. Последните месеци вирусот однел поголем број на жртви во централна и јужна Италија.

Ројтерс пренесува дека директорите на градските гробишта соопштиле дека повеќе од 2.000 тела се чуваат во еден римски крематориум, некои и од почетокот на годината, а кој, инаку, може да изврши околу 50 кремации на ден, додека поради големиот број на погреби мртовечниците на другите гробишта се преполни.

Слично

Поврзани вести