Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанците бараат позитивни лица со цел да се заразат и добијат сертификат

Италијанците бараат позитивни лица со цел да се заразат и добијат сертификат

Италијанците намерно се заразуваат со коронавирусот со цел да поседуваат ковид сертификат. 

Се почесто се организираат забави со луѓе кои се позитивни на ковид, со цел да се заразат други и со тоа да се избегне вакцинација. 

Италијанските медиуми јавуваат дека многу луѓе оставаат реклами на социјалната мрежа „Телеграм“, за да можат да се заразат со вирусот.

„Јас сум во околината на градот Агриџенто, итно барам лице кое е позитивно на КОВИД со паричен надомест“ или „ Живеам во Тоскана и сум позитивен“; „ Барам позитивна личност во Верона“; „ Барам некој да ме зарази, подготвен сум на се, плаќам, кој било дел од Италија“ итн.

Многумина се подготвени да платат за да се заразат, затоа што во последно време повеќето позитивни луѓе во Италија поминале со симптоми на блага настинка.

Италија од 1 февруари воведува нови ковид мерки. Многу од европските земји ги олабавуваат рестрикциите. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести