Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија заплени 1,8 милијарди евра од јапонската банка Номура

Италија заплени 1,8 милијарди евра од јапонската банка Номура

Италијанската полиција заплени денеска 1,8 милијарди евра во сопственсот на јапонската банка „Номура“ и почна истрага против поранешниот директор на банката Садек Сајед поради неговата наводна поврзаност со проблематичната италијанска банка Монте деи Паски.

Обвинителството, исто така, заплени и вкупно 14,4 милиони евра од четири лидери на банката Монте деи Паски ди Сиена, кои се под истрага.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека Сајед и Ричи се под истрага поради „сериозно нарушување“ на активностите на надзорниот орган и поради лажни изјави.

Против банката Монте деи Паски кон средината на јануари е почната истрага откако беше отркиено дека лидерите на најстарата банка во светот прикривале трансакции.

Слично

Поврзани вести