ИТАЛИЈА ВО ШОК: Мелони ја откажа посетата на Кипар по трагедијата во Модена - на две жртви им се ампутирани нозе, една се бори за живот
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони ја откажа денешната посета на Кипар поради инцидентот во Модена, при што се повредени седум луѓе, од кои двајца се во критична состојба.
Инцидентот се случи вчера откако возило со голема брзина удри во излог на продавница во центарот на Модена, притоа газејќи ги луѓето кои биле насобрани. Откако удрил во проданицита, излегол од возилото и со нож ги нападнал лицата кои се обиделе да го запрат да не побегне.
Напаѓачот е приведен и е идентификуван како 31-годишен италијански државјанин со мароканско потекло, Салим ел Коудри. Полицијата изврши претрес во неговиот дом, но не откри докази дека тој е радикализиран, но постојат индиции дека е ментално нестабилен.
Слично
