Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија во сенка, Индонезија една од новите економски сили

Италија во сенка, Индонезија една од новите економски сили
За 40 години 11 земји кои сега се во сенка сегашните членки на БРИК ќе станат економии со најголем економски раст,предвидува американската банка “Голдман и Сакс“. Идните “шампиони“ на економскиот раст меѓу останатите ќе бидат Индонезија, Нигерија, Мексико, Филипи и Турција. Во групата од 11 најголеми растечки економии се наведени и Јужна Кореја и Бангладеш. Полска, Чиле, Украина и Катар исто така се на таа листа бидејќи тие земји имаат огромни потенцијали и според консултантската компанија “Ернст и Јанг“ ги очекува убава иднина. БРИК го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. “Ернст и Јанг“ исто така направиле својата листа на 25 земји со растечки економии, сместувајќи ги земјите кои оваа година ќе остварат економски раст од 4,5 отсто, а следната 5,5 отсто, што е двојно повеќе од просечниот раст на светската економија. Во Италија, Јапонија и Канада населението старее, а со самото тоа и домашната потрошувачка паѓа, Индонезија и Турција, на пример, имаат огромна популација на младите кои тежнеат кон зголемени стандарди и која е мотор на економскиот развој. Според прогнозите на економистите од “Ернст и Јанг“, 11-те нови економски сили имаат и слаби точки, како што се корупцијата и социјалната нееднаквост која претставува сопирачка на нивниот развој.
Слично

Поврзани вести