Италија стравува од руско мешање на изборите
Претставници на италијанската влада предупредија на опасноста од странско мешање во општите избори, кои на 4 март ќе одржав во оваа земја. Реакцијата на владините функционери следува откако на популарните италијански сајтови беа објавени наводни лажни вести од руски извори.
Италијанскиот премиер Паоло Џентилони вчера го објави годинешниот безбедносен извештај, во кој се укажува на заканата од исламскиот екстремизам, но и се предупредува на кампањата за влијание на Интернет, чија цел е да се насочат и чувствата и политичката ориентација на јавноста, „посебно во период на избори“.
Во безбедносниот извештај не се споменува Русија, но американските и италијански аналитичари повеќе месеци предупредуваат дека европските избори се главна цел на руското мешање, при што, според нив, изборите во Италија се посебно погодни бидејќи двете главни опозициски партии одамна негуваат проруски врски, оценува АП.
