Италија става крај на самопрогласените имами
Во Италија се воведува задолжителен верски статус „италијански имам" за проповедниците на исламот.
Италијанските имами се обврзани да го владеат добро италијанскиот јазик, на кој ќе проповедаат. Одлуката е резултат на консултациите на министерот за внатрешни работи, Анџелина Алфано со поглаварите на исламските заедници во земјата, како и со Советот за односите со италијанскиот ислам - советодавно тело, предводено од министерот и составено главно од претставници на италијанските академски и стручни кругови.
„Во Италија има 1,6 милиони муслимани. Глупаво е да мислиме дека сите се симпатизери на тероризмот. Сакаме тие да бидат совесни граѓани кои ги почитуваат нашите закони. Сакаме да ги одвоиме оние кои се молат од оние кои стрелаат. Со тоа ставаме крај на самопрогласените имами. Кој не ги прифаќа правилата, ќе биде протеран. Минатата година се протерани седум имами кои проповедаа насилство "- истакна Алфано.
Во документ, подготвен од Советот за односите со италијанскиот ислам, се содржат основните критериуми за стекнување на статус „италијански имам".
