Италија спаси нови 4.200 имигранти во Средоземното Море
Италијанската крајбрежна стража постави нов рекорд на спасени имигранти. 4200 лица се извадени од водите на Средоземното Море само за едно деноноќие.
Тие патувале во вкупно 22 чамци. Италијанските власти регистрирале и 17 загинати бегалци.
Само во 3 гумени чамци имало околу 300 лица.
Спасените се главно жители на Еритреја и Сирија, кои бегале од граѓанските војни во своите држави.
Масовниот имигрантски бран доаѓа во момент кога ЕУ одлучи да ги распредели на квоти и принцип имигрантите, но и да ги нападнат со воени бродови шверцерите на луѓе.
Слично
