Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИТАЛИЈА СО НАЈСТРОГА МЕРКА: Сите работници да се вакцинираат

ИТАЛИЈА СО НАЈСТРОГА МЕРКА: Сите работници да се вакцинираат

Италија вчера воведе една од најстрогите мерки во светот. 

Италијанската влада ги обврза сите работници од јавниот и приватниот сектор да имаат потврда за вакцинација, негативен тест за коронавирусот или потврда дека неодамна оздравеле од инфекцијата. Одлуката треба да стапи на сила на 15 октомври.

Целта на овој потег е да ги натераат луѓето да се вакцинираат и да ја намалат заразата во една од најпогодените земји од пандемијата на коронавирусот.

Работникот кој нема да покаже валиден здравствен сертификат ќе биде суспендиран без плата, но не може да добие отказ.

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести