Италија руши рекорди со задолженоста
Нивото на италијанскиот јавен долг оваа година ќе достигне рекордни 130,4 проценти oд бруто домашниот производ , се наведува во владината долгорочна буџетска програма.
Италијанската влада ја усвои оваа програма која предвидува забрзување на економскиот раст и намалување на јавниот долг на почетокот на наредната година.
Програмата, сепак, ќе мора да ја измeни и дополни наредната влада, и покрај фактот што политичките партии во таа земја сеуште не постигнале договор, со цел да се стави крај на застојот кој настана по завршувањето на неизвесните избори на 24-25 февруари, пренсува Франс Прес.
Со оваа програма се предвидува дека италијанската економија оваа година ќе потоне за 1,3 проценти, по штo ќе следи раст од 1,3 проценти во 2014 година, и 1,4 процентен раст во 2015 година.
Јавниот дефицит оваа година би требало да се намали на 2,9 проценти, односно на 1,8 проценти во 2014 и 1,5 проценти во 2015 година, додека нивото на јавниот долг во 2013 ќе се зголеми на рекордни 130,4 проценти, а потоа постепено ќе се намалува на 129 проценти во 2014 и 125,5 проценти во 2015 година.
Слично
