Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија руши рекорди во извоз на свои производи

Италија руши рекорди во извоз на свои производи

Со трговски суфицит од 11 милијарди евра Италија ја заврши 2012 година. Според податоците од италијанскиот Завод за статистика, ова е рекорден трговски суфицит по1999 година.

Италијанскиот извоз во декември лани го надминал увозот за 2,2 милијарди евра. Трговскиот суфицит на Италија во ноември изнесува 2,4 милијарди евра,  речиси еднаков како и во октомври.

Годишниот трговски суфицит на Италија е над очекуваните осум до 10 милијарди евра, што е охрабрувачки сигнал за третата по големина економија во еврозоната, која се наоѓа во длабока рецесија по строгите мерки за штедење.

Добрите податоци од извозот сепак беа поматени од вчерашните податоци кои ги објави на Евростат, каде италијанскиот бруто домашен производ во четвртиот квартал од 2012 година бележи пад од 0,9 отсто во однос на претходниот квартал.
Слично

Поврзани вести