Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија револтирана од карикатурите: Што исмеа па ги навреди Италијанците „Шарли Ебдо“?

Италија револтирана од карикатурите: Што исмеа па ги навреди Италијанците „Шарли Ебдо“?

Карикатури посветени на катастрофалниот земјотрес во Италија, се појавија во новиот број на сатиричниот француски весник „Шарли Ебдо“, и предизвикаа сериозно негодување на Апенините, пренесоа светските медиуми.

Карикатурата насловена како „Земјотрес во италијански стил“, ги отсликува последиците од земјотресот во Аматриче и Акумоли и нивните посебни потреби, од кои секоја е споредувана со италијанска рецепт.

Окрвавен маж и жена се споредени со „Пенета со доматен сос„ и „Пенета огретен“. Куп жртви притиснати под урнатините на зградата пак се претставени како „лазањи“.

Во карикатурата има и коментар, кој гласи: „Во земјотресот во Италија загинаа речиси 300 луѓе. Не е јасно дали пред потресот земјата е извикувала: Алах е голем“.

Сатиричниот цртеж предизвика итна реакција во италијанските медиуми и социјални мрежи.

„Сигурен сум дека таа не одговара на реалните расположенија на францускиот народ“, категоричен беше градоначалникот на Аматриче Серджио Пироци.

„Иронијата е секогаш добредојдена, но не можете да ги отсликувате катастрофите и жртвите. Ќе покажеме дека Италијанците се големи, како за време на вонредната состојба, така и додека трае реконструкцијата“, додаде градоначалникот.

Политички партии изразија незадоволство од карикатурата, опишувајќи ја како невкусна и навредлива. Обичните Италијанци исто така ја осудија арикатурата на социјалните мрежи, истакнувајќи дека многу од жртвите на природната катастрофа биле деца.

Италијанците потсетија дека италијанскиот премиер Матео Ренци беше меѓу западните лидери кои учествуваа во „поход на мирот“ во Париз по атентатот врз редакцијата на сатиричниот француски весник.

Слично

Поврзани вести