Италија размислува да стави вето на буџетот на ЕУ
Италија е подготвена да стави вето на договорот за следниот долгорочен буџет на ЕУ, доколку тој не биде во склад со нејзините интереси, предупреди италијанскиот министер за европски прашања Енцо Моаверо. Утре во Брисел започнува дводневен самит на кој претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј треба да изнесе нови предлози во врска со буџетот за периодот од 2014 до 2020-та година, но Италија предупредува дека според нивното мислење овој буџет е неправеден и затоа лесно може да се случи тие да го отфрлат. Италијанската влада бара укинување на попустите кои со буџетот ги уживаат Британија, Германија, Шведска и Холандија сметајќи дека тоа е неправидно кон Италија и Франција. Британија од своја страна се заканува со вето на буџетот доколку не бидат прифатени нејзините барања да остане привилегирана.
Слично
