Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија размислува да ги пушти имигрантите во Европа

Италија размислува да ги пушти имигрантите во Европа

Италија ја разгледува можноста да им обезбеди на илегалните мигранти кои се сместени во пределите на земјата, дозволи за работа. На овој начин тие ќе добијат легитимно право да се населат на територијата на која и да е земја-членка на Европската унија, пишува британскиот весник „The Times“.

Рим е подготвена да ја исполни предвидената мерка, во случај нејзините партнери од Заедницата да се откажат да го споделат товарот од најновиот миграциски бран, кој предизвика хуманитарна криза во крајбрежната линија на италијанскиот брег.

Друга опција преку која властите во Италија би можеле да го намалат бројот на лицата кои се обидуваат да стигнат до Европа преку Медитеранот, е мигрантите да бидат депортирани назад кон својата татковина.

На овој начин вториот пат кога тие ќе обидат да стигнат да Стариот континент, ќе го направат тоа преку пристаништата на Северна Европа, предвидуваат во Рим.

Слично

Поврзани вести