Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија пред клучна одлука - се гласа на референдум

Италија пред клучна одлука - се гласа на референдум

Референдумот денеска ги нуди најзначајните промени во уставот во 70-годишната историја на републиката, а од гласањето ќе зависи иднината на Владата. 

Италијанците денеска се изјаснуваат на референдум за проектот за уставни реформи. Со гласањето денеска може да се утврди политичката иднина на премиерот, Матео Рензо, кој рече дека ќе поднесе оставка ако проектот за реформа биде отфрлен од избирачите. 

Уставните промени ќе направат полесно да се усвојуваат закони во парламентот, особено ако оваа реформа е во комбинација со новиот изборен закон усвоен минатата година, кој му обезбедува на победникот во следните парламентарни избори сигурно парламентарно мнозинство.

Во основата на реформата е укинување на условот сите закони да бидат одобрени од двата дома на парламентот, како што е досега - Домот на пратениците и Сенатот. Домот на делегатите освен тоа добива водечка улога за повеќето прашања, вклучувајќи го и гласањето на доверба на Владата и прифаќање на националниот буџет.

Од досегашните 315 сенатори во Сенатот ќе останат 100. Тие повеќе нема да бидат бирани од граѓаните. Петмина ќе бидат назначувани од претседателот, а останатите 95 ќе бидат бирани од редот на обласните советници и градоначалници.


Слично

Поврзани вести