Италија: После Венеција и Трст сака независност
После референдумот во Шведска, движењата за независност ширум Европа бараат свое медиумско влијание, а во Италија такво движење постои во Трст, пишува Би-Би-Си.
Движењето за независност на Венеција, предводено од бизнисменот Џанлук Бусат, неодамна се најде на насловните страници поради необврзувачкиот онлајн референдум, според кој, како што тврди Бусат, 87 одсто од учесниците гласале за независност.
Два часа источно од Венеција, близу словенската граница, уште еден град, Трст, го истакнува своето право на независност. Трст со векови имал културно шаренолика историја, беше дел од Австроунгарската империја, а непосредно после Втората свеска војна, тогаш на границата со Југославија е признат како слободна држава по меѓународните закони, иако останал под воена окупација до 1954 година, кога е вратен на Италија. За членовите на Движењето за независност на Трст, кој на своите собири последните емсеци собира околу 2000 и 8000 луѓе, овој град не е слободен. „Се бориме за правата на луѓето од слободната територија на Трст. Се бориме против италијанската влада. Ние сме мултикултурен народ“, рекол претставник на тоа движење Вито Потенца.
Членовите на Движењето повикуваат на Повелбата на Советот за безбедност на ОН од 1947 година, со кој Трст и неговата околина - вклучувајќи делови кои сега се во состав на Словенија и Хрватска - слободна држава, со италијански и словенски како официјални јазици. Таа „слободна територија“, меѓутоа никогаш не постоела во пракса, а во текот на седу години независност со Трст управувале Велика Британија, САД и Југославија, до Меморандумот во Лондон, кога поголемиот дел од територијата е вратен на Италија, наведува британско радио.
