Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија плаќа по 500 евра за полнолетство – на што ќе се трошат парите?

Италија плаќа по 500 евра за полнолетство – на што ќе се трошат парите?

До крајот на годината Италија ќе треба да одвои 290 милиони евра за да им плати на граѓаните за полнолетство, но има и еден мал услов.

За да ги потсети младите дека културата е многу важна, Владата на младите им дава по 500 евра ваучер кој можат да го искористат за концерти со сериозна музика, театар, посета на музеи, купување на книги, посета на национални паркови.

Одлуката ќе стапи на сила од 15 септември, а 290 милиони евра ќе бидат одвоени за 575.000 тинејџери кои ќе станат полнолетни.

Со ваучерите младите ќе можат да купуваат во продавници, но и онлајн.

Ова не е прв пат да се преземе ваква мерка. Претходно премиерот Матео Ренци одвои милијарда евра за сиромашните мигранти. Нив им беа доделени ваучени во вредност од по 500 евра за посета на културни настани.

Слични ваучери ќе има и за стручно усовршување.

Слично

Поврзани вести