Италија отвора истрага за паднатиот авион кај Кожле
Обвинителството во Италија отвара истрага за авионската несреќа која се случи кај село Кожле во која загинаа 5 лица, од кои четворија италијански државјани.
Авионот „пајпер“ полетал од аеродромот во Тревизо каде постои и авио спортски клуб, а во Скопје требало да наполни гориво пред да слета во Приштина.
„Овој тип на авиони не е опремен со црни кутии. Често има и повеќе од една причина за несреќа. Сепак, во областа имаше лоши временски услови“ - изјави инструкторот од авиоклубот Тревизо, Џон Тесари, за локалните медиуми.
Засега се уште не е јасно како дошло до уривање над селото Кожле кај Петровец на само 4 минути по полетувањето.
Италијанските медиуми пишуваат дека во периодот кога се случила несреќата, во Македонија имало дожд, ветер и намалена видливост.
