Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија oди во карантин за Велигден

Италија oди во карантин за Велигден

Италија oди во карантин за време на Велигденскиот викенд. 

Земјата ќе биде во општ карантин за празникот, покажува нацрт-уредбата во која западни медиуми имаа увид со момент кога владата во Рим се бори против забрзаното ширење на коронавирусот низ целата држава. Продавниците кои не продаваат храна ќе бидат затворени од 3 до 5 април. На Италијанците ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за работа, посета на лекар или итни случаи. Во нацрт-регулативата, што треба да се донесе денеска се наведува дека од понеделник ограничувањата ќе бидат засилени и во жолтите региони, во оние каде ризикот од инфекција е мал. И во нив движењето меѓу градовите ќе биде строго ограничено, а кафулињата и рестораните ќе бидат затворени. Од вкупно 20 региони, три на југот се црвени, 10 се портокалови, шест се жолти, а само Сардинија е бела, според мапата на веб-страницата на италијанската влада. Италија надмина 100.000 починати од коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести