Италија: Криумчареле вирус на птичји грип
Од континент на континет се испраќаат вируси на болести како што се птичјиот во неадресирани и безначајни коверти, кршејќи ги сите безбедносни стандарди. На тој начин се поттикнува ширењето на вирусот и продажбата на вакцини, открива римскиот весник „Л`Еспресо“ во новиот број.
Овој бизнис веќе подолг период е следен од страна на италијанската полиција и обвинителство во кој координирано соработуваат фармацевтската индустрија и здравствените „рекетари“, обезбедувајќи за себе голема заработувачка.
Американците биле тие кои ги пронашле првите докази , кои пред повеќе од 10 години привеле човек кој увезувал вирус во САД од Саудиска Арабија. Тој ги открил неговите соработници, кои подоцна полицијата ги затворила. Потоа добиле сведочење и од Паоло Кандоли, поранешен италијански менаџер на Мериал, ветеринарската гранка на колосот Санофи Авентис. Тој призна дека вирусот на птичји грип го испраќал по ДХЛ во Италија во 1999 година. Интересно е дека токму во северниот дел на Италија изби најсилната епидемија на птичји грип во кокошарниците во Европа, и на Западот воопшто. Вирусот беше H7N3, токму оној кој го испраќал Кандоли. А таа епидемија поттикна инвестиции во истражувањата и во купувањата на вакцини.
Истрагата доведе од Илариа Капу, светски познат виролог и пратеничка во италијанскиот парламент, на Граѓанската листа на Марио Монти. Експерименталниот зоопрофилактички институт во Падова, каде работела, склопил картел со Мериал на Кандоли и со американскиот Форт Доџ Енимал. Осомничени се уште неколку научници од институтот во Падова, челници на здравствени установи и ветеринарски заводи.
