Италија ќе воведе данок на високофреквентните акции
Италија ќе воведе данок на високофреквентните акции со кои се тргува, пишува Фајненшл тајмс, пренесува StandartNews.
Според изданието, ваквите мерки се преземаат со цел да се ограничи контроверзната пракса. При овој вид на маркетинг, брокерите користат софистицирани компјутерски алгоритми за тргување на илјадници акции во рамките на милисекунда.
Данокот предвидува воспоставени лимити за високофреквентна трговија за промена и откажување од зделки кои ќе бидат фактурирани со 0.02 %. Фиксните давачки ќе бидат во зависност од видот на договорот, а зделките надвор од берзите ќе бидат предмет на повисоко оданочување. Посредниците се исклучени од данокот.
По воведувањето на данокот на операциите со акциите во март, тргуваните количини во земјата опаднаа драстично.
Слично
