Италија и Шпанија ги зголемуваат мерките за безбедност по нападот во Ница
Италија и Шпанија ги зголемуваат мерките за безбедност по нападот во Ница кој се случи синоќа, а во кој терорист со камион прегази луѓе.
Италија нареди на локалните власти и полициските началници да го засилат обезбедувањето на сите поважни објекти. Министерот за внатрешни работи, Анџелина Алфано изјави дека нивото на закана во Италија на национално ниво останува на втор степен. Прв степен се објавува во случај на извршен напад.
Алфано потсети дека уште од 2014 година „Исламска држава" ги повика своите приврзаници да вршат напади против Западот.
По синоќешната крвава ноќ во Франција, Шпанија ќе ја задржи контролата на копнените граници со Франција и ќе ги засили мерките за безбедност на аеродромите и во туристичките зони.
Донесена е одлука да се задржи царинската контрола на копнените граници со Франција, изјави министерот за внатрешни работи, Хорхе Фернандез Дијаз пред медиумите по вонредната седница за оценување на нивото на заканата.
