Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИТАЛИЈА И ГЕРМАНИЈА: Какви позиции ќе заземат за Сирија?

ИТАЛИЈА И ГЕРМАНИЈА: Какви позиции ќе заземат за Сирија?

Италијанците решија да пружат само логистичка поддршка на своите сојузници, најавуваат од Кабинетот на премиерот Паоло Џентилони.

Тој, по остварени многубројни контакти со светските сили, меѓу кои и со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштува дека на основа на билатералните односи, Италија ќе пружа поддршка на сојузните сили.

„Германија нема да учествува во евентуалните воени акции, би истакнала евентуални - сѐ уште не е донесена ниедна меѓународна одлука за ваквите акции“- кажа Меркел по состанокот со данскиот премиер Ларс Локе Расмусен во Берлин.

Таа вели дека за Германија ова значи дека ги поддржува активностите на Советот за безбедност на Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиско оружје. 

Канцеларката ја истакна потребата да се „направи сѐ“ за да се стави јасно до знаење дека „употребата на хемиско оружје е неприфатлива“.

Слично

Поврзани вести