ИТАЛИЈА ГОРИ НА ЈУГ, НА СЕВЕР НЕЗАПАМТЕНО НЕВРЕМЕ: Извиднички камп на удар од силниот ветер, загина тинејџерка
Најмалку пет лица загинаа во Италија во невремето на северот
и пожарите на Сицилија, поради што владата прогласи вонредна состојба во
најтешко погодените области.
„Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби шеснаесетгодишно девојче во извиднички камп во Бреша и жена во Лисоне којабеше погодена од откорнато дрво“, напиша премиерот Џорџо Мелони во пораката на Твитер.
Силен ветер кој дуваше со брзина од 110 километри на час, силен дожд и град вчера рано утрото падна во Милано, економскиот центар на земјата, поплавувајќи ги улиците и корнејќи дрвја, кои во голем број паднаа на коловозот.
Локалното јавно транспортно претпријатие пријавило сериозни оштетувања на електричната мрежа, а новинар на АФП пријавил привремен прекин на водоснабдувањето во историскиот центар на градот.
Додека на северот на полуостровот беснее невреме, југот го зафати топлотен бран со температура од 47,6 степени Целзиусови, кој беше измерен во понеделникот во Катанија, Сицилија, соопшти локалната цивилна заштита.
Wildfires are currently devastating several parts of the Mediterranean basin's coasts and islands. Algeria, Tunisia, Italy, Greece are fighting fires
— Massimo (@Rainmaker1973) July 25, 2023
This is Sicilypic.twitter.com/qO3rb79nzM
Изгорените тела на двајца 70-годишни мажи биле пронајдени во куќа која била зафатена од пожар, а 88-годишна жена починала во близина на Палермо, објавија синоќа весниците.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат пожар покрај автопат во близина на Сиракуза со збунети патници кои гледаат, додека на интернет се појави фотографија од необично парче мраз со дијаметар од 19 сантиметри, кое падна во понеделникот вечерта во Ацано Децимо, во близина на Порденоне, на североисток.
The considerable size of the the hailstones fallen in Friuli, Northern Italy, on July 24, 2023
— Massimo (@Rainmaker1973) July 26, 2023
[TeleFriuli]pic.twitter.com/ZE1oEekYhy
Поради пожарот во прекин е и железничкиот сообраќај.
„Климатското нарушување што ја погоди нашата земја бара од сите нас, без
исклучок, да го промениме нашето однесување“, рече министерот за цивилна
заштита Нело Мусумечи.
