Италија ги намали прогнозите за раст, дефицитот оди нагоре
Италијанската Влада ги намали предвидувањата за економски раст и предвиде дефицит поголем од очекуваното, соопшти ДПА, цитиран од БТА.
Прегледот бил направен по неколку негативни економски податоци во текот на изминатите неколку месеци. Италија, трета по големина економија во еврозоната, моментално е единствената земја-членка на ЕУ и Г7 во рецесија.
Бруто домашниот производ (БДП) оваа година во Италија се предвидува да порасне за 0,2 проценти, што е помалку од претходните проекции во декември кога растот беше прогнозиран на еден отсто.
Според усвоениот документ за планирање на буџетот, буџетскиот дефицит за 2019 година е зголемен од 2,04 на 2,4 проценти од БДП.
Претходниот дефицит од 2,04 отсто беше многу тешко да се преговара во декември со Европската комисија по големиот спор околу буџетската дисциплина.
Слично
