Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија е во опасност од бурни социјални немири

Италија е во опасност од бурни социјални немири
Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано предупреди дека земјата може да заглави во бурни социјални немири , ако Владата не воведе брзо реформи , со кои ќе им помогне на заглавените државјани , пренесе " Ројтерс " . Неговиот коментар дојде по неделата на протести во градовите низ целата земја . Илјадници Италијанци излегоа на демонстрации против ниските приходи , невработеноста над 12 % поголема од 40% меѓу луѓето под 25 години , корупцијата и скандалите меѓу политичарите , за кои се смета дека служат на своите сопствени интереси , а не оние на земјата. Иако улогата на претседателот се смета за церемонијална , Наполитано беше принуден да се меша неколку пати , за да ги натера италијанските политичари да ги остават настрана несогласувањата и да договорат реформи за справување со кризата . Во говорот во претседателската палата во Рим Наполитано предупреди за опасноста од бурни протести и тотално спротиставување на политиката и институциите. Рецесијата продолжува , ни требаат силни мерки освен одобрени од владата и парламентот оваа и минатата година , додаде тој . Во текот на викендот крајнодесничарска група упадна во канцелариите на Европската комисија во Рим и го мавтаа знамето на Европската унија , покажувајќи го гневот против Европа , која некои ја обвинуваат за годините на штедење и економски тешкотии .  
Слично

Поврзани вести