Италија деблокираше 15,7 милијарди евра за долг кон компаниите
Италија почна да го враќа долгот кон приватните фирми и за таа цел денеска деблокираше 15,7 од најавените 20 милијарди евра.
Италија во март оваа година најави дека оваа и следната година, на двапати, ќе го враќа долгот од 40 милијарди евра кој го има државата кон италијанските приватни компании, а тоа го потврди и министерот за економија Фабрицио Сакомани.
Според податоците на синдикатот „CGIA“ државата на приватниците им должи околу 120 милијарди евра.
Слично
