Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италија бара пица мајстори

Италија бара пица мајстори
И покрај сериозниот проблем со невработеноста, во Италија недостигаат дури 6.000 пица мајстори. Во екот на економската криза, побарувачката за брза храна на Апенинскиот полуостров е голема. Меѓу младите Италијани, невработеноста изнесува 33 проценти, но ретко се одлучуваат да се вработат како пица мајстори. Се проценува дека во Италија постојат 50.000 пицерии во кој работат скоро 240.000 пицамајстори. Нивната месечна плата изнесува 1.000 евра.
Слично

Поврзани вести