Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истребување на целата нација, вака Зеленски ги нарече убиствата на цивили во Буча

Истребување на целата нација, вака Зеленски ги нарече убиствата на цивили во Буча

Истребување на целата нација и народ, вака украинскиот претседател Володимир Зеленски ги искоментира убиствата на цивили во Буча. 

Според него, станува збор за геноцид. Украина ја обвини руската војска дека свесно извршила масакр во Буча, каде што беа пронајдени мртви тела, и бара истрага и гонење на сторителите.

„И ова се случува во Европа во 21 век“, рече украинскиот претседател. 

Зеленски ја повика Русија целосно да ги повлече своите сили со цел враќање на ситуацијата како пред 24 февруари, кога почна руската инвазија.

„Тоа ќе ни овозможи да започнеме да разговараме за други прашања. За ставање крај на окупацијата и како ќе живееме потоа“, додаде тој за CBS.

Зеленски на социјалните мрежи ги нарече руските војници убијци, крадци, касапи. 

Русија ги негира обвинувањата за Буча.

Остри осуди за убивањето на цивили стигнаа од европските лидери. 

Слично

Поврзани вести