ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА НАЈОСАМЕНИ НАЦИИ: Меѓу првите е земја од соседството
Научниците го измериле нивото на осаменост кај повеќе од 64.000 луѓе на возраст од 50 до 90 години од 29 држави, главно европски. Анализирале колку често луѓето чувствуваат дека им недостасува друштво, се исклучени или социјално изолирани.
Најосамени во средниот и доцниот живот биле жителите на Кипар и Грција. Најмала осаменост е забележана во Данска, Швајцарија и Австрија.
Во Бугарија и во Латвија има најголем пораст на осаменоста со возраста.
Во САД, невработеноста е поврзана со осаменоста во средната возраст. Тоа била единствената земја во која средовечните луѓе биле поосамени од постарите. (Сличен тренд е забележан и во Холандија, но податоците од таа земја се нецелосни и треба да се толкуваат со претпазливост.)
Слично
