ИСТРАЖУВАЊЕ: Погледнете ги најздодевните работни места со кои џебот речиси секогаш ви е полн
Најголемиот дел од времето човекот го поминува работејќи. Многумина го работат она што го сакаат, она за коешто се едуцирале, но од друга страна пак, постојат и луѓе кои работат, но работата им е здодевна, не ги интересира, меѓутоа мора да ја работат затоа што е доходовна.
Едно неодамнешно истражување на илјадници испитаници во различни држави покажа кои се најздодевние работи и работни позиции, но со нив џебот ви е речиси секогаш полн.
Неверојатни 81% од испитаните вработени рекле дека правото и работата во областа на правото е најздодевна во светот.
78 % од испитаниците рекле дека најдосадна е работата -управување со проекти, додека пак на третото место, со 71% се нашла позицијата грижа за потрошувачи.
Четвртото место го заземале даночните работници, петтото место сметководителите и даночните советници.
67 % од вработените рекле дека работата како банкар е здодевна, седмото место го заземале техничките позиции, а осмото место продавачите.
