ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИМПЕРИЈАЛ КОЛЕЏ: Милиони смртни случаи помалку како резултат на карантинот
Последното
истражување на Империјал колеџот во Лондон покажува дека острите рестриктивни
мерки низ целиот свет успеале да спречат милиони смртни случаи од новиот корона вирусот.Анализата што ја направиле екпсертите од оваа еминентна
институција покажува дека затворањето на цели корпорации, компании, трговски центри, училишта, градинки спречиле да
смрт од корона вирусот на речиси три милиони луѓе во 11 земји - Австрија, Белгија,
Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија,
Шведска и Швајцарија.
Сосема слична ситуација покажува и анализа направена во САД, според која мерките кои ги презедоа државите, пред се карантинот во милионските градови во Кина, Франција, Италија, Јужна Кореја, како и во САД успеале да спречат смрт на 530 милиони луѓе.
