Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истражување: Младите италијанци за пари би чистеле и улици

Истражување: Младите италијанци за пари би чистеле и улици
49 проценти од младите невработени лица во Италија би ја прифатиле и работата чистач на улица, покажале резултатите од анкетата „Младите во криза“, која ја спровела асоцијацијата „Колдирети“ Четири лица од десет испитаници или 43 % би работеле и за 500 евра месечно, додека 39 отсто од нив изјавиле дека би работеле и прекувремено без дополнителна компензација. „Анализата покажува силен дух на жртвување меѓу младите, што ги води да се откажат од основните права на работникот. Тоа е нешто што не можеме да го дозволиме во земја како што е Италија“, рекол претседателот на Колдирети, Серџо Марини. Повеќе од половината од Италијанците помлади од 40 години, изјавиле дека се подготвени да ја напуштат земјата и во некоја друга земја да побараат работа, а 73 проценти од испитаниците веруваат дека во Италија нема иднина. Околу 64 проценти од анкетираните навеле дека би го промениле и местото на живеење во земјата само да најдат работа.
Слично

Поврзани вести