Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истражување: Каде во Европа шефовите се најдобри?

Истражување: Каде во Европа шефовите се најдобри?
Дури 80 отсто од Швајцарците се задоволни од професионалниот однос со своите претпоставени, што претставува европски рекорд. Со далеку понизок процент, на второ и трето место се Франција и Холандија. Студијата ја спровеле истражувачките куќи  "JobCloud" и "The Network" меѓу вкупно 5.600 вработени во Швајцарија, Германија, Австрија, Франција, Белгија, Шведска и Холандија. Последните две места на листата опфатени земји ги заземаат Германија и Австрија, пишува швајцарскиот весник 24 часа. И на европско ниво, односно на ниво на сите земји кои биле во фокусот на истражувањето, поголемиот дел од вработените се зсдоволни од своите претпоставени, така што 70 отсто од нив во просек изјавиле дека имаат коректни односи со шефот, додека преостанатите 30 посто тврдат дека атмосферата на работа им е лоша.  
Слично

Поврзани вести