ИСТРАЖУВАЊЕ: Oд што се плашат најмногу земјите во светот
Климатските промени се најголем страв за светот, се наведува во новото истражување на Пју Рисрч од САД.
Глобалното затоплување е прво од шест закани, особено според мислењето на Африканците и Латинска Америка.
Сепак, во Европа и на Блискиот Исток, најголемата закана е Исламската држава.
Економската нестабилност е втора најголема грижа за сите земји кои учествувале во анкетата.
Стравот од иранската нуклеарна програма е најголем во Израел и САД. Истото важи и за хакерските напади, за кои најмногу се грижи Америка и Јужна Кореја.
Истражувањето е спроведено во 40 земји во светот, а испрашани биле 45 435 испитаници.
Слично
