ИСТРАЖУВАЊЕ: Колкав дел од населението на Турција ги поддржува ИСИС
По денешните терористички напади во Истанбул, од припадник на Исламската држава, беше објавено истражување за тоа колку населението ја поддржува оваа терористичка организација.
На анкетите, 5,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека ги поддржуваат активностите на ИСИС.
Податоците покажале и дека 9,3 проценти од анкетираните рекле дека не сметаат дека Исламската држава е терористичка организација.
Анкетата, „Истражување на социјалните тенденции во Турција“, беше спроведена во Анкара, и во неа биле вклучени над 1.500 лица од цела Турција.
Ова истражување беше објавено по денешниот масакр во Турција, каде животот го загубија 10 лица, а над 15 беа повредени.
Според турскиот премиер Ахмет Давутоглу, зад денешниот самоубиствен напад во Истанбул, стои Исламската држава.
