ИСТРАЖУВАЊЕ: Колкав број муслимани ги поддржуваат ИСИС?
Американски новинар инспириран од контраверзната изјава на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој предложи на сите муслимани да им се забране влез во САД, направи анкета за да го испита јавното мислење за терористичката организација ИСИС.
Новинарот Макс Галка истражуваше колку всушност муслиманите ја поддржуваат Исламската држава.
Податоците покажале дека позитивно мислење за акциите на ИСИС имаат 15 отсто од луѓето од земјите со многубројно муслиманско население надвор од Сирија.
Бројките се од една неодамнешна студија на Пју рисрч, која покажува дека дури и во Нигерија - земјата со највисоко ниво на поддршка за ИСИС надвор од Сирија - само 14 отсто од луѓето имаат позитивно мислење за групата.
Истражувањето во Либан покажало дека дури 99 отсто од анкетираните се изјаснале дека се против Исламската држава.
Во самиот Ирак пак, родното место на ИСИС, само 5 отсто од анкетираните изјавиле дека ја поддржуваат терористичката група.
