Истражувач: Пилотот е виновен за падот на алжирскиот авион
Истражувачи веруваат дека пилотот на авионот „Ер Алжир“ , кој минатата седмица со 118 патници и членови на екипажот се сруши на северот од Мали, се обидел да ја заобиколи бурата, но прерано се вратил на почетниот курс, со што повторно влетал во невремето, објавува британски „Мирор“.
Истражувачите навеле дека авионот за само три минути паднал од висина нешто повќе од 3000 метри над Мали. „Мирор“ наведува дека истражувачи ова го потврдиле врз основа на радарската снимка. Весникот додава дека авионот се изгубил од радарот откако пилотот побарал дозвола да го промени курсот за да би ја избегнал бурата.
Францускиот генерал Жолбер Дијендер, кој ја предводи истрагата, рекол дека е можно пилотот да мислел целосно да ја заобиколи бурата и дека сакал да се врати на првичниот курс. „Несреќата се случил при прилика на овој маневар“, додал тој.
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус неодамна изјавил дека пилотите на авионот „Ер Алжир“ барале да се вратат пред да биде изгубен контактот.
„Она што сигурно го знаеме дека времето било лошо таа ноќ, дека екипажот на авионот барал промена на рутата, а потоа и да се вратат пред губењето на контактот“ рекол Фабилијус на новинарите пред францускиот министер за сообраќај да ги наведе анализите на црните кутии од срушениот авион дека можеби истите ќе потраат со недели.
Авионот се сруши пред осум дена, непосредно пред полетувањето од Уагагугуа, главниот град на Буркина Фасо, а требаше да слета во Алжир.
