Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истрагата за убиството на словачкиот новинар во ќор-сокак

Истрагата за убиството на словачкиот новинар во ќор-сокак

Словачката полиција поради недостиг на докази мораше да ги ослободи седуммината Италијанци кои беа приведени поради сомнение дека се поврзани со убиството на новинарот Јан Куциак и неговата девојка.

Телото на 27-годишниот Куциак и неговата девојка Мартина Кушнирова беа пронајдени со прострелни рани на 25 февруари. Куциак ги истражуваше активностите на италијанската мафија во Словачка и нејзините врски со лицата блиски до премиерот Роберт Фицо.

Тој во последниот незавршен текст ги опишува активностите на членовите на криминалната организација Ндрангета во источна Словачка и поврзаноста на еден од нив со соработник на Фицо, како и на другите соработници на словачкиот премиер.

Во истрагата учествуваат и Американското Федерално истражно биро (ФБИ), британскито Скотланд јард и Европол.

Вчера во Словачка се одржаа демонстрации против корупцијата во државата.


Слично

Поврзани вести