ИСТРАГА ВО СИНАЈ: Пронајдени делови кои не му припаѓаат на „Ербасот А321“
Пронајдените делови ќе бидат пратени на анализа, изјавил за „Тас“ извор од Каиро, додека официјалната информација сеуште не стигнала.
Авионот од копманијата „Когалимавит“ се урнал на 100 километри јужно од градот Ариш на Синај, а ниеден од 224 патници и членови на екипажот не преживеал.
Исто така, аудио записите од црните кутии покажуваат „неконтролирани звуци“ но немало знаци и сигнали за узбуна, пренесува британскиот „Телеграф“.
Вo последните моменти пред несреќата, во копилотската кабина се снимени необични и неочекувани звуци.
Интерфакс, кој имаше увид на транскриптите од разговорот на копилотот, пренесува дека персоналот вообичаено разговарал со контролата за летање четири минути пред авионот да го снема од радарот.
Во таа прилика не забележале ништо необично и дека во близина немале никаков објект или авион.

