Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТРАГА БРИСЕЛ: Американците знаеле дека браќата Ел Бакрауи се терористи!

ИСТРАГА БРИСЕЛ: Американците знаеле дека браќата Ел Бакрауи се терористи!

Браќата Ибрахим и Халид Ел Бакрауи , кои изведоа самоубиствени бомбашки напади во бриселскиот аеродром и во метрото, им се познати на американските претставници од претходно и се наоѓале во базата на податоци на САД за терористи, пренесе телевизиската мрежа NBC.

Двајца неименувани американски претставници тврдат дека браќата Бакрауи се наведени во американските бази на падоатоци како „потенцијални терористички закани“ без прецизирања во кои од многу бази за терористи тие се наоѓале.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/NBCNews/status/713095422089277440?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Пред нападите во Брисел, белгиските браќа имале обемни досиеја со кривични осуди за кражби на автомобили, грабежи и  пукање на полицајци, пренесе АФП.  Ибрахим ел Бакрауи, минатата година два пати е депортиран од Турција, чии власти своите европски колеги ги предупредиле на свои сомневања дека се работи за исламистички борец.

Турскиот претседател Ердоган во средата изјави дека еден од бриселските напаѓачи е фатен во Турција во јуни лани, но дека е депортиран во Белгија на негово барање.

Слично

Поврзани вести