Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТОРИСКИ: За првпат во Саудиска Арабија, жена – главен уредник на национален весник

ИСТОРИСКИ: За првпат во Саудиска Арабија, жена – главен уредник на национален весник
За првпат во Саудиска Арабија жена е именувана за главен и одговорен уредник на национален весник. Сомаја Џабарти, поранешен заменик-уредник во „Саудиска Газета“ е унапредена во главен уредник на овој дневен весник што излегува на англиски јазик. Претходно, жени во Саудиска Арабија воделе само помали локални весници, па ваквата одлука се смета за историска во земјата во која жените се уште не смеат да возат автомобили. „Денеска со гордост го оставам мојот наследник, новинарката Сомаја Џабарти, која ќе застане на чело на весникот“, објави нејзиниот претходник Калед Алмаена. „Таа работи со мене речиси 13 години и речиси исто толку јас имам цел да видам како жена влегува во светот на главните уредници, во кој доминираат мажи. Не станува збор за пол, туку за заслуги кои одлучија и со кои таа ја заработи оваа можност. Јас сум горд што играв улога во нејзината кариера. Таа е решителна и посветена, а можам да ја уверам и нејзе и целиот тим дека јас ќе бидам тука за помош и совет, за весникот да напредува во високо конкурентната дигитална ера“, додаде тој. Џабарти се надева дека нејзиниот пример ќе им отвори можност и на другите новинарки кои работат во Саудиска Арабија да напредуваат во кариерата. „Се појави пукнатина во стаклениот таван. И јас се надевам дека таа пукнатина ќе стане врата“, рече таа. Тиражот на весникот со седиште во Џеда е околу 47.000. Иако во светот на медиумите во Саудиска Арабија доминираат мажи, дури 17 од вкупно 20 новинари во „Саудиска Газета“ се жени.
Слично

Поврзани вести