Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Екстремната десница освои најмногу гласови на изборите во Франција

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Екстремната десница освои најмногу гласови на изборите во Франција

Екстремно десничарската партија Национален фронт освои најмногу гласови во првиот круг на регионални избори во Франција, одржани во неделата во напнатост после терористичките напади на 13 ноември во Париз во кои 130 лица загинаа и беа повредени повеќе од 350.

Националниот фронт на Марин ле Пен освои 28 одсто од гласовите пред десничарската партија на Републиканците на поранешниот претседател Никола Саркози која добила 27 одсто од гласовите, а вледачката Социјалистичка партија на Франсоа Оланд освоила 23,5 одсто од гласовите, соопшти француското МВР.

Екстремната десница победила во најмалку шест од 13 региони на Франција.

После успехот на европските и локални избори, екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин ле Пен била фаворит на регионалните избори, после што следат претседателски на кои кандидатура неодамна најави претседателката на таа партија.

Популарноста на Марин ле Пен е додатно во пораст после париските напади.

Лидерката ја искористила својата националистичка и антимиграциона реторика, во раните години поизразена во партијата, после откритието дека париските напаѓачи дошле во Франција како бегалци преку Грција.

Влдеачките социјалисти не извлекле корист од порастот на популарноста на претседателот Франсоа Оланд кој добил поддршка од граѓаните во борба против тероризмот после нападот.

Вториот круг на регионални избори е закажан за 13 декември.

Слично

Поврзани вести