ИСТОРИСКИ ПРОМЕНИ: И Бил Гејтс си заминува од Мајкрософт?
Сатја Надела, американец со индијско потекло ќе биде новиот извршен директор на софтверскиот гигант „Мајкрософт“. Надела работи во компанијата повеќе од 20 години, а неговата последна позиција била извршен потпретседател на групацијата „Microsoft’s Cloud and Enterprise“.
На позицијата Надела ќе го замени актуелниот извршен директор Стив Балмер, кој уште во август најави дека се повлекува за една година.
45-годишниот Надела е роден во Индија и има повеќе дипломи за електроника, компјутерски науки и бизнис администрација. Нему му се припишува заслугата за создавање на повеќе производи, меѓу кои и BizTalk серверот, кој ја унапреди позиционираноста на компанијата меѓу бизнис-клиентите.
Сепак, најпознат е по надгледувањето на онлајн иницијативите на „Мајкрософт“, каде што пребарувачот Windows Live Search го трансформираше во Bing. Со таа промена, пазарниот удел на компанијата во делот на интернет пребарувачи се искачи на 18.2%, според последните податоци.
Сепак, скептиците истакнуваат еден голем хендикеп за него: Надела никогаш не бил главен извршен директор, за разлика од неговите риваливо компанијата како што е Тони Бејтс, кој своевремно раководеше со Скајп, или како некои од кандидатите од надвор, како што е Алан Мулали од „Форд“, кој исто така се споменуваше како можна опција.
Меѓутоа, бордот на „Мајкрософт“ подготвува терен за една уште поголема смена - бара замена за Бил Гејтс како претседател на корпорацијата, објави Блумберг. Како најсериозен кандидат за таа позиција се споменува главниот независен директор на „Мајкрософт“ Џон Томсон.
Сепак, познавачите предвидуваат дека акобордот се одлучи за човек од внатре како извршен директор, тогаш веројатно за претседател ќе бара некого надвор од компанијата.
„Ако се решат за извршен директор, кој досега практично работел веднаш до стив Балмер, тогаш мора и на инвеститорите да им дадете нешто. Очигледно е дека тоа ќе биде голема промена, историска пробена, но исто така е очигледно дека на „Мајкрософт“ му треба промена во стратегијата за следната фаза од развојот, вели Даниел Ивс, аналитичар за ФБР Капитал Маркетс.
Ако и Гејтс замине заедно со Балмер, тоа ќе значи дека компанијата за софтвер наскоро ќе остане без двете најважни фигури за досегашниот развој. Во целокупната историја на компанијата, на позицијата извршен директор на „Мајкрософт“ досега биле единствено Гејтс и Балмер.
58-годишниот Гејтс, кој голем дел од своето време посветува на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и на хуманитарните напори, неодамна изјави дека има намера целосно да се посвети на филантропија до крајот на животот, а во „Мајкрософт“ да остане само како член на Бордот.
Промените во врвот на веројатно најмоќната ИТ компанија се случуваат во клучен момент, кога „Мајкрософт“ се обидува се повеќе да се оддалечи од своите почетоци како производител на софтвер и да се фокусира на производство на хардвер и интернет услуги. Ривалите како што е „Епл“ веќе ја изместија технолошката трка надвор од полето во кое е најсилен „Мајкрософт“ - персоналните компјутери и ја префрлаат на теренот на мобилните уреди.
Слично
