Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТОРИСКИ ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈА – ДАЛИ ИЛОН МАСК ГО ПРОМЕНИ ТЕКОТ НА ИЗБОРНАТА ТРКА: Кој води според последните анкетите?

ИСТОРИСКИ ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈА – ДАЛИ ИЛОН МАСК ГО ПРОМЕНИ ТЕКОТ НА ИЗБОРНАТА ТРКА: Кој води според последните анкетите?

Во Германија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори кои беа распишани по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц.

Овој настан е само еден од вкупно четвртите вонредни парламентарни избори во Германија од Втората светска војна. Повеќе од 59 милиони гласачи имаат можност да изберат 630 пратеници на Бундестагот, чии мандат ќе трае четири години, а нивната задаќа е да формираат влада и да изберат канцелар.

Според остражувањата на јавното мислење, конзервативците ЦДУ/ЦСУ имаат најголема поддршка, односно за нив би гласале 30 отсто од избирачите. На второ место е крајната десница, АФД за која би гласале 20 од избирачите, а дури на трето место се социјалдемократите СПД на Олаф Шолц кој паднаа на само 15 проценти. Зелените имаат 13 отсто, Левица 5 отсто, додека слободните демократи ФДП и левичарскиот сојуз на Сара Вагенкнехт БСВ, се борат да го поминат изборниот цензус од 5 отсто

Интересно, истражувањата покажуваат дека дури 68 % од гласачите стравуваат од економска криза, што претставува значителен пораст во споредба со претходните истражувања, кога тој изнесуваше помалку од половина, односно 48 отсто. Ова укажува на тоа дека економската состојба е една од клучните теми која влијае на изборната поддршка

Со оглед на водечката позиција според анкетите, ЦДУ/ЦСУ најверојатно ќе имаат иницијатива за формирање нова влада, а Фридрих Мерц би можел да стане нов канцелар. Конзервативците најверојатно ќе бараат сојузници меѓу Социјалдемократите (СПД) или Зелените со оглед на изјавите дека нема да коалицираат со АфД.

Предвремените избори беа распишани по неуспехот на т.н коалиција „семафор“, составена од СПД, Зелените и Либералите (ФДП). Несогласувања во однос на буџетот и економијата кулминираа кон крајот на 2023 година, кога канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, што доведе до колапс на владата. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер потоа го распушти Бундестагот и изборите беа закажани дури по второто гласање во парламентот.

Набрзо по затворањето на гласачките места се очекува да бидат објавени првите прелиминарни резултати, а Германија со нетрпение го очекува исходот од резултатите од овие историски предвремени парламентарни избори.

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Слично

Поврзани вести