Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Рускиот гас оди за Кина!

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Рускиот гас оди за Кина!
Русија и Кина потпишаа историски договор со кој руската државна компанија „Гаспром“ во иднина ќе ја санбдува со гас кинеската економија. Детали од договорот, потпишан на маргините на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Шангај, не се соопштени. Сепак, се верува дека станува збор за зделка вредна околу 400 милијарди американски долари, со која „Гаспром“ во следните 30 години ќе испорачува 38 милијарди кубни метри гас годишно во Кина. Двете земји работеа на договорот речиси 10 години, а документот не беше потпишан порано поради несогласувања околу цената на природниот гас. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска со писмо побара од Путин Русија да не ја прекинува испораката на гас кон Украина, а со тоа и кон европските земји.
Слично

Поврзани вести