Историска одлука: Германската Влада даде зелено светло за двојни државјанства
Германската Влада донесе важна одлука - одобри предлог-закон со кој во иднина на младите Германци со потекло од други земји ќе им се овозможи да имаат двојно државјанство.
„Тоа е убав сигнал за многу млади луѓе во нашата земја. Стотици илјади луѓе можат да здивнат. Во иднина многу млади луѓе нема да треба да избираат против националноста на родителите дури и да станат странци во сопствената земја“, изјави Ајдан Јозогуз, германски федерален комесар за прашањата за миграцијата, бегалците и интеграцијата.
Неможноста за двојно државјанство досега ги принудуваше доселениците во Германија да се откажат од државјанството на земјата од каде што потекнуваат за да станат Германци. Овој нов предлог е дел од програмата на левоцентристичката германска Социјалдемократска партија, која ја дели власта со конзервативците на Ангела Меркел кои досега се спротивставуваа на едно вакво решение.
Слично
