ИСТОРИСКА КАТАСТРОФА-РУСИТЕ ЈА РАЗНЕСОА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА КАХОВКА: Стотици илјади луѓе би можеле да страдаат во поплава
Русите ги минираа браната и блоковите на хидроцентралата
Каховка, а повеќе од 80 места се загрозени, изјави украинскиот претседател
Володимир Зеленски за време на видео обраќањето пред Советот на Европа,
пренесува Хина.
Зеленски рече дека Русите разнеле важна брана на реката Дњепар во јужниот регион Херсон, како и блиската хидроцентрала.
„Имаме информации дека руски терористи ги кренале во воздух браната и единиците на хидроцентралата Каховка“, изјави Зеленски пред Советот на Европа за време на видео обраќањето.
Станува збор за една од најголемите енергетски постројки која содржи околу 18 милиони кубни метри вода.
Стотици илјади луѓе би можеле да страдаат
Претседателот исто така истакна дека доколку руските терористи ја кренат таа брана, ќе бидат поплавени повеќе од 80 места, вклучувајќи го и Херсон.
„Стотици илјади луѓе би можеле да страдаат. Може да го уништи најголемиот довод на вода за југот на Украина. Овој потег на руските терористи може да ја остави нуклеарната централа Запорожје без вода за ладење на реакторите. Последиците можат да доведат до историска катастрофа“, нагласи Зеленски.
Инаку, браната и хидроцентралата работеа со намален капацитет бидејќи областа беше окупирана од руските сили уште во март.
Украинските сили се наоѓаат на околу 40 километри северно од браната, а во изминатите четири месеци извршија неколку напади на мостот што е дел од браната за да ја спречат руската војска да го користи.
ФОТО: EPA/SERGEI ILNITSKY