Економија, финансии, бизнис

Контакт

Историја за толеранција: Меркел, бегалци и свинско месо

Историја за толеранција: Меркел, бегалци и свинско месо

Германската канцеларка, Ангела Меркел посочи дека е потребна толеранција и од дојдените бегалци во земјата.

Таа истакна дека очекува од бегалците во земјата да покажат подготвеност за адаптација.

„Од една страна општеството треба да е отворено за пристигнување мигранти - и затоа се организираат интегративните и јазични курсеви. Од друга страна оние кои доаѓаат, треба да ги почитуваат она што е напишано во Уставот, тоа што имаме различни закони, дека не треба да се прибегнува кон насилство, дека имаме слобода на вероисповед, дека имаме и слобода на говорот“ - изјави Меркел.

Таа спомна како пример потребата од тоа бегалците да покажат толеранција кон потрошувачката на свинско месо,  како дел од кулинарските традиции на германското општество.

„Толеранцијата се состои и во тоа да не мора да ги менуваме кулинарските навики"- коментира Меркел.

Канцеларката го наведе предлогот според кој од почит кон муслиманите во училиштата не смеат да се нудат јадења подготвени со свинско месо.

Слично

Поврзани вести